Во училиштата во главниот град на Финска, Хелсинки, ја укинаа досегашната традиција на боќикни приказни поради учениците кои не се христијани, пренесува Анадолија.

Училишните власти соопштија дека менуваат некои од божикните обичаи за да се прилагодат на новите околности, дополнувајќи дека во училиштата во Хелсинки учат се поголем број ученици кои не се од христијанска вероисповест.

Дел од училиштата веќе не ја изведуваат химната „Ангел од небото“, а исто така се откажаа и од претставите со јаслите на Исус Христос. Јаслите, голема кутија со сено, според христијанските верувања се приказ на раѓањето на Исус опишано во евангелијата по Матеј и Лука.

Статистиката покажува дека секој четврти Финец не припаѓа на ниту една регистрирана верска заедница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.