Градоначалникот на Белград Зоран Радојичиќ дал согласност урната со посмртните остатоци на познатата актерка Неда Арнериќ да биде положена во Алејата на заслужни граѓани, јави „Танјуг“.

Комеморацијата по повод смртта на истакнатата актерка со интернационална кариера ќе биде одржана во четврток, на 16 јануари, во Југословенската кинотека. На комеморацијата од големата актерка ќе се збогуваат пријатели и колеги.

По комеморацијата ќе биде прикажан филмот на македонскиот актер и режисер Коле Ангеловски, „Колнати сме, Ирина“ со Неда Арнериќ и Велимир Бата Живојиновиќ во главните улоги.

Славната актерка почина во Белград на 10 јануари, во 67 година од животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.