Додека се возел на својот мотоцикл низ планините кај Себу на Филипините, Хунрел Фуентес Ревиља бил пресретнат од улично куче кое почнало упорно да го следи и да лае. Претпоставувајќи дека животното сака да му каже нешто, тој застанал и тргнал да го следи.

Dog saves abandoned baby

Кучето го одвело Ревиља до депонија во која лежело напуштено новороденче завиткано во ќебе. Тој го зел бебето и го одвел во болница. За среќа, тоа примило медицинска грижа навреме. Dog leads biker to abandoned baby

Кога приказната за скитникот-херој била прикажана на локалните вести, волонтерите од здружението за заштита на животни „Hope for Strays“ тргнале да го бараат кучето, за да го вдомат.

Се покажало дека кучето припаѓа на едно сиромашно семејство, што пак придонело да се соберат доста донации и за семејството и за херојот Блеки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.