Дваесет и деветгодишната Аманда Морган се шокирала кога видела фотографија од нејзиното бебе на порнографски сајт. Таа праќа предупредувачка порак до сите мајки кои објавуваат фотографии од своите деца на социјалните мрежи.

Фотографиите кои таа ги споделувала од своето девојче, завршиле на забранети страници. На еден таков сајт имало три фотографии од нејзиното бебе, кои биле фотошопирани така што девојчето било нашминкано.

Неконтролирано плачев еден час. Никој не можеше да ме смири. Се чувствував виновно зошто сама ги објавив нејзините слики. Имаше толку бебиња на тој сајт, а тие болни коментари од изроди под нив не можам да ги заборавам, пишува таа.

Предупредува да не се споделуваат фотографиите, зошто може да се искористат за вакви монструозни и гнасни цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.