Пејачката Северина имаше навистина тешка година, која дефинитивно нема да ја заборави. Но, таа не дозволува таквата ситуација да ја скрши. Северина Новата година ја мина со најблиските, нејзиниот сопруг Игор Којиќ и синот Александар. Таа објави заедничка фотографија и упати порака со честитки и желби за успеси на сите нејзините фанови.

На социјалните мрежи отворено прозборе за тоа како се чувствува за време на празниците:

Што ќе понесеш со себе во Новата година? Не носи товар, понеси ги само можностите. Земи радост, надеж и утеха. Времето мине, луѓето си одат, моментално или засекогаш, но убавите нешта се памтат. Секогаш носи ги во срцето луѓето кои си ги сретнал, кои ти кажале убав збор, ти подариле насмевка, охрабрување. Сети се и на оние кои те повредиле и те научиле што всушност значи животот. Не жали што уште една година е зад тебе, радувај се на убавите денови, радувај се на она што животот ти го дал. Колку само не го дочекаа овој ден, но ти си тука. Заблагодари се, па кажи уште еднаш ‘благодарам’. Колку пати и да го повториш тоа, не е доста. Знаеш ли зошто? Затоа што животот е сè што имаш, напиша Северина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.