Лидерот на ДУИ Али Ахмети е во самоизолација во својата куќа во Зајас.

Фотографијата на Ахмети од самоизолација ја објави на Фејсбук неговиот брат Фекри Ахмети.

Останете дома! И следете ги препораките на надлежните. Да ја поминеме оваа пандемија лесно, порача братот на Ахмети.

Од партијата велат дека по сугестии на сопартијците Ахмети е во самоизолација дома во Зајас. Тие му препорачале на лидерот да не доаѓа во партиското седиште во Мала Речица бидејќи кога тој е во Централата многу сопартијци доаѓале, а со тоа се зголемувал ризикот Ахмети или некој од партијата да се разболи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.