Италијанска медицинска сестра, откако било потврдено дека е заразена со коронавирусот си го одзела животот, затоа што се плашела дека во меѓувреме заразила други пациенти.

34-годишната Даниела Треци работела на првите линии во кризата со коронавирусот во болница во италијанската покраина Ломбардија, најтешко погодениот регион во Италија.

Националната федерација на медицински сестри на Италија ја потврди нејзината смрт, истакнувајќи дека медицинската сестра претрпела „тежок стрес“, затоа што се плашела дека го пренела вирусот на другите додека се обидувала да помогне.

Даниела Треци работела на одделението за интензивна нега во болницата Сан Џерардо во Монца, а била ставена во карантин откако добила симптоми на коронавирусот, а потоа била позитивна на тестовите.

Секој од нас ја избрал оваа професија за добро и за жал, за лошо. Ние сме медицински сестри. Состојбата и стресот на кој се изложени нашите професионалци се пред очите на сите- соопштија од националната федерација на медицински сестри на Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.