Луѓето веруваат дека одредено однесување на 31 декември ќе им донесе среќа или несреќа следната година. Според верувањата, задолжително треба внимателно да се избере и долната облека, во одредена боја, дури и ако сте се одлучиле за домашна варијанта на славење во комотна и не толку гламурозна облека.

Традицијата за носење црвена долна облека допира до далечниот среден век, кога не било дозволено носење црвена облека. Тогаш црвената боја се поврзувала со крв, ѓавол и магии на вештерките. Но, луѓето и покрај празноверието копнееле за носење црвена облека за време на темната зима, бидејќи црвената боја воедно била и симбол на животот и на сончевата енергија. Така, луѓето тогаш, со желба да ги избегнат казните, нашле совршена алтернатива: ги криеле црвените крпчиња под слоевите облека.

Денешниот обичај за носење црвена долна облека на преминот од старата во нова година, своите симболични корени од Шпанија ги пуштиле насекаде низ светот, за сите оние кои во Новата година сакаат да најдат љубов.

Од друга страна, жолтата долна облека ја облекуваат ловците на кариера, односно тие кои сакаат повеќе пари од претходната година.

Уште една традиција која пристигнува од латинските земји е и вадењето на полните торби од орманот како симбол за среќни патувања во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.