Во интервјуто кое војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл го дадоа на Опра Винфри, некогашната актерка изнесе шокантни обвинувања на сметка на британското кралско семејство. Имено Меган изјави дека меѓу членовите на семејството на нејзиниот сопруг владеела загриженост за тоа колку темна ќе биде кожата на нејзиниот и синот на Хари, Арчи.

Парот одби да ја именува личноста која шокирала со такво размислување, а кралската биографка, Колин Кембел тврди дека во прашање е принцезата Ана, единствената ќерка на кралицата Елизабета втора. Сепак таа верува дека зад сето тоа не стои расизам и зла намера, туку дека погрешно е разбран нејзиниот страв како Меган ќе се вклопи во семејството.

Хари поради спомнување на културата сфатил дека се работи за бојата на кожа. Ана само изразила загриженост за последиците да се дозволи некој таков да се вклучи во кралското семејство, велејќи дека тоа ќе предизвика проблеми не само во семејството, туку и кај децата кои ќе се родат. Хари тоа побрзал да и го пренесе на Меган, а тоа таа го интерпретирала како страв каква ќе биде бојата на кожата на нивните деца. Се работи за личност која едвај чека да пронајде проблем, дури и таму кај што го нема – тврди Кембел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.