Првите испитувања во Финска ги изненадија научниците – кучињата брзо научија да го намирисаат корона вирусот. Како омилените животни може да помогнат против пандемијата?

Успехот бил восхитувачки – по само неколку седмици тренинг, кучињата речиси без грешка можеле да разликуваат мирис на урина од пациенти заразени со корона вирус.

Беше фантастично да се види колку брзо научија да го препознаваат новиот мирис, вели Ана Хилм-Бјеркман од Универзитетот цо Хелсинки каде е спроведена оваа пилот-студија.

Финските стручњаци објавија дека кучињата идентификуваат „мирис на корона“ еднакво задоволително како и стандардните ПЦР тестови кои се применуваат секаде во светот. На ред се дополнителни студии, и ако се биде во ред, ќе се применат во пракса. Слични обуки на кучиња се вршат и во Велика Британија и Франција.

Се уште не е јасно која супстанција ѝ дава на урината карактеристичен мирис. Корона вирусот покрај тоа што ги напаѓа белите дробови, ги напаѓа и бубрезите со што го менува мирисот на урината, пишува Дојче веле.

Кучињата како детектори на болести не е ништо ново. Долго се знае дека може да помогнат во рано откривање разни типови тумори или Паркинсонова болест, пред да може да ги открие кој и да е лекар. Кучињата имаат милиони пати подобро чувство за мирис, па така додека човекот има пет милиони ќелии за мирис, кучињата имаат од 125 до 220 милиони. Исто така, тие вдишуваат 300 пати во една минута.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.