Американската вселенска агенција НАСА избра три компании кои ќе добијат владини средства за развој како приватни вселенски компании. Од вкупно 11 предлози, НАСА ги избра „Блу ориџин“, „Наноракс ЛЦЦ“ и „Нортроп груммен“, кои ќе добијат повеќе од 400 милиони американски долари преку три посебни договори.

Тоа е дел од поголемиот план за замена на Меѓународната вселенска станица со комерцијални вселенски станици. Преку овој модел, НАСА би била клиент на комерцијалната вселенска индустрија, што би ѝ овозможило да ги намали трошоците и да се сосредточи на истражувања.

„Блуе ориџин“ ќе добие 130 милиони долари за развој на станицата „Орбитал риф“, во соработка со „Сиера спејс“, која претходно го произведе вселенското летало „Дрим чејсер“.

„Наноракс ЛЦЦ“ доби 160 милиони долари за концептот „Старлаб“. Станува збор за заеднички проект со „Војаџер спејс“ и „Локхид Мартин“, дизајниран за четворица астронаути и за напредни биолошко истражување, истражување на материјали и друго. Лансирањето на оваа станица е планирано за 2027 година.

На „Нортроп груммен“ ѝ следуваат 125,6 милиони за да го изработи вселенското летало „Сигнус“, во соработка со „Дјyнетикс“, со можност да се приклучат други партнери.

„Аxиом спејс“, компанија со седиште во Хјустон, доби средства во јануари 2020 година – за развој на комерцијален модул што ќе биде додаток на МВС. Овој пат таа не доби средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.