Шестгодишната Алина Јакупова од Русија е избрана за „најубавото девојче на светот“. оваа титула таа ја освои благодарение на големиот број лајкови на нејзините фотографии на Инстаграм профилот , каде има над 23 милиони следбеници.

Таа живее во Москва и работи како модел веќе две години. Досега се има појавено на насловните страници од најпознатите модни списанија, а моментално Алина е заштитно лице на неколку модни линии за деца. Според модните фотографи, кои имаа среќа да работат со неа, однесувањето на Јакупова пред камерата е како искусен модел кој долги години се занимава со оваа професија. Модните критичари се убедени дека во иднина девојчето го чека голем успех во светот на модата .

 Клучот за нејзиниот успех не е само заради нејзината натприродна убавина, туку и нејзината вредна работа и самодисциплина кои ги поседува и покрај нејзината мала возраст – вели нејзиниот агент Роман Кухар.

На социјалните медиуми, обожавателите ја споредуваат Алина со едно друго девојче кое пред 11 години беше избрано за најубаво – Тајлин Блондо како и со моделка Џиџи Хадид. Но нејзината мајка вели дека ќерка ѝ е многу слична со Брижит Бардо и Клаудија Шифер.

Инаку Алина е сосема обично девојче. Таа оди во градинка (иако често мора да пропушта часови поради работата), ги обожава своите миленици кучето Акита Ину, портокаловата мачка и двата папагали – подарок од нејзината мајка за неа и брат ѝ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.