Зимата во Нов Зеланд, која се приближува кон својот крај, е најтоплата зима некогаш забележана во оваа земја, а научниците тврдат дека климатските промени ќе ги зголемат уште повеќе температурите.

Во текот на трите зимски месеци на јужната хемисфера, вклучително и август, просечната температура беше 9,8 степени, објави метеоролошкиот институт на Нов Зеланд.

Тоа е 1,3 степени над повеќегодишниот просек и 0,2 степени повисок од претходниот рекорд што беше соборен во 2020 година, објави АП.

Метеоролозите ги мерат температурите на Нов Зеланд од 1909 година, и ова е најтоплата зима оттогаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.