Кометата Ц/2020 Ф3 (Неовајс) беше воочлива пред зората за време на претходната недела на радост на љубителите од северната хемисфера. Велат дека тоа е една од ретките комети која станала видлива за време на овој век, а се смета за натрапник во Сончевиот систем. Се нарекува уште и Голема комета 2020 година.

На видео снимка се гледа како кометата Нововајс од Италија се издигнува над Јадранското море. Се гледа како се крева притоа оставајќи опашка покрај светлите и брановидни облаци, со оддалечени ѕвезди во позадина. Се смета дека е најсјајната комета во последните 25 години.

НАСА кометата ја откри во месец март, пишува агенцијата Асошиејтед прес. Нејзиното јадро е покриено со материјал од саѓи, кој датира од почетоците на нашиот сончев систем, пред околу 4,6 милијарди години. Научниците кои учествуваат во оваа мисија велат дека кометата е со дијаметар од околу пет километри.

Кометата повторно ќе биде видлива од Земјата за 7 илјади години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.