Во тек е изработка на најскапата маска во светот. Тоа бил првиот услов – да биде најскапа, но и да штити од инфекцијата, па во неа е вграден филтер Н-99.

Чини 1,5 милиони долари, а толку еден кинески бизнисмен платил на прочуена израелска компанија за скапоцени камења да му изработат заштитна маска од 18-каратно бело злато со 3.600 бели и црни дијаманти.

Покрај ова, за да биде најскапоцена, богатиот Кинез, кој инаку живее во америка, имал услов да биде изработена до крајот на годината.

Со нејзините 270 грама теѓина, најскапоцената маска е речиси 100 пати потешка од класичната маска и веројатно нема да биде практична за носење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.