Поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика, кој многумина го нарекуваа најсиромашниот претседател на светот поради неговиот скромен начин на живот, поднесе оставка од функцијата сенатор и се повлече од активно занимавање со политика.

До 2015 година беше претседател на Уругвај, а после тоа Мухика (85) ја извршуваше функцијата сенатор.

Тој поднесе оставка поради пандемијата со корона вирус.

Има моменти во животот кога доаѓаш и си одиш. Благодарност до моите приврзаници кои ме поддржуваа 26 години. Со години не култивирав омраза во својата градина, научив тешка лекција што ми ја даде животот, омразата ве прави глупав, рече Мухика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.