Порталот „Скрап кар компарисон“ (Scrap Car Comparison) спроведе истражување за тоа – какви автомобили најчесто возат „психопатите“, односно силеџиите – себични, самоуверени и арогантни возачи кои не се грижат за другите учесници во сообраќајот? Истражувањето спроведено на околу 2.000 британски возачи успеа да го дефинира идеалниот автомобил за „просечниот психопат“.

Така, омилениот бренд на силеџијата е – „БМВ“. Како што Американците со „Мустанг“ важат за такви што сакаат да се фалат со возење и да завршат со искршен автомобил, така во Европа се добива впечаток дека возачите на „БМВ“ се крајно груби, агресивни и арогантни кон другите учесници во сообраќајот. И, често ги прекршуваат сообраќајните правила. Следи листата на бодување според марката што силеџииите ја возат…

Бренд – бодови

БМВ – 12,1,
Ауди – 11,7,
Фиат – 7,
Мазда – 6,4,
Хонда – 6,3,
Форд – 6,1,
Мерцедес-Бенз – 5,9,
Цитроен – 5,8,
Фолксваген – 5,4,
Хјундај – 5,3,
Рено – 5,3,
Волво – 5,2,
Нисан – 5,
Пежо – 4,8,
Тојота – 4,7,
Опел – 4,7,
СЕАТ – 4,3,
Киа – 4,2,
Шкода – 3,2,

Друго – 5,3 .

Ако зборуваме за бојата на автомобилот, највисоката оценка – 12,7 поени, има златната боја, а кафената боја освои 12,2 поени. На самото дно се сребреното, со 5,5 и црвеното со 4,9 поени.

Испитувањето вели дека оние со персонализирани регистарски таблички имаат речиси трипати поголема подложност на „психопатско однесување“ од оние со стандардни таблички. Првите имаат 13,8 поени наспроти 5,3 поени на оние со нормални регистрации

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.