Статутата на Кристофер Колумбо останала без глава во Бостон, втора е оштетена во Мајами, трета е фрлена во езеро во Вирџинија, уште една е урната во Сент Пол во Минесота, а масовно се уриваат и спомениците на личности од американсата историја поврзани со некогашната Конфедерација, во продолжението на насилните протести поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на бел полицаец.

И претходно италијанскиот морепловец од Џенова со години беше предмет на спор во САД. Кристофер Колумбо во историјата е запишан како човекот кој ја открил Америка, но во некои кругови го сметаат како еден од симболите на геноцидот над американските Индијанци и староседелците воопшто.

Многу американски градови ги заменија прославите на Денот на Колумбо во октомври, кој станал празник во 1937 година, со Денот на сеќавањето на „староседелските народи“. Меѓутоа, тоа не го сторија метрополите Бостон и Њујорк, коишто имаат голема и влијателна италијанска заедница на која ѝ е посветен овој ден.

Во Бостон е отворена истрага поради кршењето на главата на споменикот, но досега нема уапсени, соопшти портпаролот на градската полиција. Бостонскиот градоначалник изјави дека споменикот ќе биде отстранет, како и дека ќе се чека конечната одлука за неговата судбина.

Поддржувачите на движењата кои ги водат протестите сметаат дека е добро „да се капитализираат работите“ на бранот антирасистички протести кои во моментов ги тресат САД. Сметат дека како и црниците, и староседелците биле малтретирани, а оти нивното движење е „моќно, а декаптацијата на споменикот во Бостон е многу симболично“.

Во Мајами на Флорида, споменикот кој се наоѓа во паркот е вандализиран со црвена боја, а на него е испишано Black Lives Matter (Црните животи се важни) и Џорџ Флојд.

Уште една статуа на истиот истражувач е урната во вторникот вечерта во Ричмонд во Вирџинија , со јаже е одвлечкана до езерото и е фрлена во него.

Во истиот град демонстрантите во средата вечерта ја урнаа и статуата на претседателот на Конфедерацијата, Џеферсон Дејвис. Градската полиција била на самото место, но не интервенирала, а видео снимките на социјалните медиуми покажуваат како со јажиња се влече споменикот, додека толпата навива. Во 130 километри оддалечениот Портсмут, обезглавени се а потоа и урнати четири статуи кои биле дел од споменик на Конфедерацијата.

Движењето кое ги напаѓа симболите кои ги врзува со американското робовладетслески и расистичко минато ги зафати и другите земји во западна Европа, во прв ред Велика Британија и Белгија, каде последните денови цели се спомениците кои претставуваат личности од периодот на колонијализмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.