Кралицата Елизабета по вчерашниот состанок се согласила на „период на транзиција“ во кој војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган ќе поминат еден дел во Канада, а еден во Велика Британија. Но, британските медиуми пишуваат што се случувало зад затворените врати на состанокот на кралското семејство.

Хари стигнал два часа порано за да се сретне насамо во кралицата, за да може да ја раскаже својата страна на приказната. Меган не смееле да се придружи на расправата на конференциската врска од страв дека разговорот нема да биде приватен, пишуваат медиумите во Лондон.

Извори блиски до принцот Чарлс велат дека тој го предупредил Хари дека нема да има на располагање „неограничени ресурси“ за да може да го продолжи својот нов начин на живот.

Кралицата во соопштението наведе дека разговорите на кои присустувале и принцот Чарлс и Вилијам биле многу конструктивни.

Јас и моето семејство во целост ја поддржуваме желбата на Хари и на Меган да создадат нов живот како млад брачен пар. Хари и Меган јасно ставија до знаење дека не сакаат да зависат од јавните фондови, наведе кралицата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.