Дваесет и шест годишната Јелена Шпаговиќ, ќерка на поранешен пратеник и втор човек на партијата Српска десница, Саша Дујовиќ, која е обвинета за убиство на осумдесет годишната девизната пензионерка, Мајда Гаровиќ, од Земун, се појави во судница, една година по апсењето поради бруталното убиство на нејзината сосетка.

Подготвителното рочиште е одложено за септември, а Елена во истрагата ја признала вината. Српските медиуми пишуваат дека убиството го направила во афект.

Злосторството е откриено на 20 јуни 2019 година, кога во контејнер во викенд населба во близината на Инѓија, Војводина пронајдено е јагленисаното тело на старицата. Таа била пријавена дека исчезнала на 16 јуни, а сите траги воделе кон Јелена, која од старицата позајмила 2.500 евра. Јелена се терети дека после караница и тепачка ја убила старицата, а потоа нејзиното тело го искасапила и три дена го чувала во изнајмен стан во Земун. Потоа телото го спакувала во поголем куфер, а потоа напомош го викнала нејзиниот брат велејќи му дека од станот треба да изнесе стара фотелја со траги од крв, но не му открила што се случило.

Со автомобил телото го однела во викенд населбата Крчедина и го запалила во контејнер. Траги од нејзината ДНК пронајдени се на контејнерот и на други места. Јелена работела како медицинска сестра во една приватна клиника во Нов Белград. Уапсена е на 6 јули 2019 година, а за бруталното убиство и се заканува казна затвор од 10 до 40 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.