На денешен ден, 5 март 1993) се урна авионот Fokker 100 на Palair Macedonian Airlinesсе, лет број 301, веднаш по полетувањето од скопскиот аеродром со крајна дестинација Цирих.

Во авионот Fokker 100 имаше 92 патника и 5 члена на екипажот од кои загинаа 83, а 14 биле повредени. Пилот бил искусен 49-годишен Холанѓанец со 11.200 часови лет, додека копилотот бил 34-годишен Македонец со 5.580 часови лет кој претходно бил пилот во Jat Airways. Повеќето патници биле од Косово кои работеле во Швајцарија.

Веднаш по полетувањето во 11.11 часот авионот не успеал да ја достигне потребната висина, а причината била мраз на крилата. Временските услови биле со 900 метри видливост, но паѓало снег. Истрагата покажала дека причината за падот биле пропусти во процедурата за одмрзнување на мразот на крилата. За мраз биле проверени само почетните делови на крилата каде бил востановен снег кој не претставувал опасност бидејќи веќе се топел.

Ниту пилотите, ниту лицата задолжени за одмрзнување не знаеле дека горивото сместено во крилата било со многу ниска температура и допринело стопениот снег да се претвори во мраз додека авионот чекал дозвола за полетување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.