Демонстрантите што протестираа против пензиските реформи на францускиот претседател Емануел Макрон денеска го блокираа музејот „Лувр“ во Париз.

Мал број демонстранти што протестираа против одлуката да се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години го блокираа влезот во стаклената пирамида на „Лувр“ предизвикувајќи гнев кај туристите и посетителите на музејот.

Меѓу демонстрантите имало и вработени во музејот.

Протестот дојде еден ден пред десеттиот круг национални штрајкови и улични маршеви и следуваше насилство во градовите во Франција поради промените во пензискиот систем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.