На 20-годишниот Дарко Циревски од Ресен му се потребни околу 26 илјади евра за третман на неговите раце и нозе кои се одземени при повреда на ’рбетниот мозок.

Тој пред две години доживеал повреда при скок во вода и дијагностицирана му била quadriplegia (одземеноста на раце и нозе).

За да се подобри неговата состојба, потребен е тримесечен третман во Хрватска, кој чини околу 26 илјади евра, пари кои тој со неговото семејство не можат да ги обезбедат.

Јас Дарко Циревски 20 години од Ресен во 2017 год. доживеав несреќа при скок во вода го повредив петтиот вратен пршлен, при што настана повреда на ‘рбетниот мозок. Дијагностицирана ми е quadriplegia (одземеност на раце и нозе). По долготрајни терапии и вежби во центрите во Македонија, стигнав до стадиум да ми требаат поинтензивни вежби и роботика со цел што повеќе да се подобри мојата состојба. По консултации со повеќе стручни лица ми е сугерирано да продолжам со поинтензивни терапии во poliklinika Glavic (Zagreb, Hrvatska), каде нивниот третман од 3 месеци чини околу 26.000 евра, цена која јас и моето семејство не можеме да ја обезбедиме, па затоа ги замолувам сите добри и хумани луѓе да ми помогнат да ги соберам потребните финансиски средства и да одам во најкраток можен рок. Ви благодарам од срце.

Броеви за донации:
Телеком: 070-143-144
Вип: 143-470
Трансакциска сметка: 210501677982873 NLB банка“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.