Муслимански свештеник од Катар објави шокантно видео во кое ги советува мажите муслимани дека треба да ги тепаат сопругите.

Видеото го објави Абд ал-Азиз ал-Хазраџ, кој демонстрира како да „биде казнета” жена согласно исламскиот закон. Ал-Хазраџ го поставил видеото на каналот „Јутјуб“. За видеото тој го користел момчето Најеф, за да покаже на него како да се тепа „од љубов”, со што жената може да ја почувствува „силата на мажот”.

Свештеникот вели дека некои жени уживаат да се омажени за „жестоки и силни сопрузи”. Ал-Хазраџ сепак предупредува: Некои луѓе удираат по лице. Тоа не е дозволено “.

Пророкот Мухамед. Види колку е милостив Исламот. Пророкот забранува да се удира по лице. Тој им забранува на мажите да ги тепаат своите жени по лицето. Плескање по лице, удирање во глава, кршење нос – сето тоа е забрането. Тепањето е за дисциплина, вели во упатството.

Ал-Хазраџ ја почнува лекцијата со времетраење од три и пол минути, како што вели, дека тепањето  треба да биде лесно и безболно и тоа треба да ја натера сопругата да ја почувствува машкоста и силата на нејзиниот сопруг, како и сопствената женственост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.