Да се слави Божиќ пред нова година, односно по стариот календар, на 25 декември. Ова е став на многумина, кој поради некое свое верско убедување, кој поради фактот дека така за Нова година нема да биде строг пост, па ќе може да се опушти со јадење, пиење и славење. Но, Македонската православна црква сѐ уште не размислува за менување на календарот. Велат календарот ќе остане ваков каков што е додека не се одлучи Соборно, односно сите православни цркви да го променат календарот.

Всушност празнувањето на Божиќ и кај нас е на 25 декември според стариот календар, а по новиот е на 7 јануари. Ако одземеме 13 дена, според стариот празнуваме на 25 декември. Оние коишто се по григоријанскиот календар, ако од 25 декември, се одземат 13 дена, треба да празнуваат на 12 декември,објаснува отец Бобан од скопската епархија.

Отецот посочува дека МПЦ како Црква има став дека можеби најдоброто решение ќе биде да се направи уште попрецизен календар од овие што постојат, бидејќи денес имам технолошки средства за сето тоа да се направи.

Но се додека е вака ние го прифаќаме она што преданието на црквата го има. Како сега ќе му промениме на народот дека Илинден не е веќе на 2 август, кога сето тоа е поврзано дури и со некои наши национални празници, вели Отец Бобан.

Тој негодува околу начинот на кој некои православни цркви кои го имаат земено новиот календар. Божиќ го слават по новиот, но Велигден по стариот календар.

Тие Велигден го празнуваат како оние со стариот календар затоа што постои одредено правило во црквата дека Велигден никогаш не смее да се падне со еврејската паска. За да го избегнат тој момент според новиот календар, Велигден секогаш го празнуваат со нас, по стариот календар. Ние се доведуваме до решението сите празници да ги празнуваме по новиот календар, а Велигден да го празнуваме по стариот, што нема логика,коментира отецот од Скопската епархија.

Тој смета дека барањето да се премести Божиќ да биде во декември е само поради нова година, празник што не е христијански.

Ние имаме наша православна нова година и мислам дека тогаш треба повеќе да се посветиме, ако измолуваме и испросуваме секакво добро во Новата година, додава отец Бобан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.