Папата Франциск во средата ја опиша пандемијата со Ковид-19 како „дама“ на која мора да се внимава, но тој и повеќето од неговите блиски соработници не носеа маски пред насобраните граѓани за време на мисата во затворено.

На почетокот на церемонијата Франциск им се извини на присутните затоа што нема да симне од мермерниот олтар.

Останувам овде. Јас многу би сакал да слезам и да се поздравам со секој од вас, но ние мора да држиме растојание, рече папата пред неколку стотини присутни верници, речиси сите со маски, пренесува Ројтерс.

Тој објасни дека ако слезе од олтарот, околу него веднаш ќе се насоберат луѓе, а тоа е против грижата и мерките за претпазливост.

Мораме да и погледнеме во очи на оваа дама, по име КОВИД, која ни нанесува огромна штета, рече тој.

За време на мисата папата и повеќето од неговите соработници на бината не носеа маски. Од друга страна, гардистите и официјалните фотографи на сцената носеа маски, но бискупите и свештениците кои го поздравуваа папата одблизу ги тргнаа маските додека му приоѓаа.

Тринаесет швајцарски гардисти и жител на гостинската куќа во која живее папата неодамна беа позитивни на Ковид-19.

Папата, на кого му беше отстранет дел од едното белодробно крило поради болест кога бил млад, се најде на удар, претежно на социјалните мрежи, затоа што не носел маска секогаш на јавно место.

На 20 октомври, тој носеше маска неколку часа на молитвена служба во Рим со други верски водачи, вадејќи ја само кога зборуваше. Минатата сабота, никој во приватната библиотека на папата не носеше маска кога разговараше со шпанскиот премиер Педро Санчез и неговата делегација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.