Две ипол години затвор му изрече дански суд на мажот (50), кој на првата брачна ноќ ја силувал сопствената ќерка. Педесетгодишниот маж тврдел дека мислел дека тоа е неговата нова сопруга.

Свадбената прослава се случувала на селски имот, каде 20-годишната ќерка испила премногу. Роднините пред судот сведочеле дека таа била толку пијана, што не можела да се одвезе во својот хотел, па се онесвестила и заспала во собата на татко си на имотот.

Час и половина подоцна таткото и неговата нова жена, видно пијани, дошле во собата и легнале покрај неа, па како што се правда тој, ја „промашил“ сопругата и по грешка почнал да ја допира неговата ќерка. Во тие моменти, девојката се освестила и почнала да го моли да престане, но тој уште погрубо продолжил со силување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.