Кумот морал да ја напушти венчавката откако неговата здравица ги налутила гостите. Својата приказна тој ја споделува на „Редит“. Вели вложил многу напор да го научи неговиот говор напамет, но најтешко му било да смисли што да каже за девериците, бидејќи не ги познавал. Шегата која ја смислил во последен момент, била причината зошто бил замолен да ја напушти венчавката.

Деверуши, не ве познавам, но морам да признаам дека пет од вас шест изгледаат сензационално денес. Сега мислете му ја која од вас не изгледа толку добро, рекол кумот.

Иако мислел дека неговата дрска шега ќе наиде на аплауз и смеа, се случило спротивното. Во салата завладеала тишина, а сите го гледале празно.

Една од деверушите почна да плаче. Немав лоши намери, тоа беше глупа шега. Кога дојдов да се извинам, забележав дека една од нив навистина не е толку убава, испаднав копиле. Невестата само ми пријде и ме замоли да ја напуштам свадбата, а другар ми само кимна со главата во согласност со неа, раскажа тој.

Каејќи се, тој се извинил преку „Фејсбук“, но доби само еден одговор и тоа лош – од бабата на невестата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.