Млади кинески милијардери оваа година стекнаа рекордно заедничко богатство од над 223 милијарди долари, во време кога целиот свет се бори со најлошата економска криза во последните неколку децении, покажуваат најновите податоци на листата на кинеските богаташи „Харун Рич Лист“.

Во 2020 година Кина има 60 милијардери помлади од 40 години. Оваа година е забележан значаен пораст на богатствата во време на пандемијата на Ковид-19.

Со тоа бројот на кинески милијардери е зголемен на 878, со вкупно богатство поголемо од четири билиони долари.

Кина во 2010 година имала 189 милијардери.

Светот никогаш не видел толкаво богатство, кое е создадено во само една година. Кинеските претприемачи поминале многу подобро од очекуваното. И покарј пандемијата, успеале да достигнат рекордно ниво, изјави Руперт Хјуџверт, претседател на Харун рипорт.

На врвот на листата на млади милијардери се наоѓа 39-годишната Хуијан Јанг, која се смета за најбогата жена во Азија со богатство од 33,1 милијарда долари. Таа е мнозински акционер на Кантри Гардем, компанија за развој на недвижности, која ја основал нејзиниот татко во 1992 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.