Деновиве едно момче по име Борна од општина Криш, Хрватска стана вистинска сензација на Инстаграм од една необична причина.

Изгледот на овој 29-годишник потсетува на српскиот претседател, Александар Вучиќ, што беше доволна причина да стане ѕвезда на Инстаграм, како во Хрватска, така и во соседна Србија.

Инстаграм профилот „Негујмо српски“ објави фотографија на која Борна позира во костум.

Го најдовме двојникот на Вучиќ во Хрватска. Мислиме дека е време да го промовираме во нов инфлуенсер и да го доведеме до 10.000 следбеници, напишаа тие под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

Priprema za izbore 😁

A post shared by Borna (@_borninjo) on

Профилот на Борна, кој дотогаш имаше помалку од 100 следбеници, за само неколку часа доби скоро 9000 нови следбеници.

Борна вели дека луѓето порано го споредувале со Вучиќ, но досега ова никогаш не предизвикало вакви реакции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Borna (@_borninjo) on

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.