Криењето вредни работи зад лажен штекер и не е нешто ново. Две години, Дарен Стилс (45) и неговиот партнер во Велика Британија го набљудувале двојниот штекер под скалите и мислеле дека е штета што не работи затоа што бил на совршена локација да ја приклучат правосмукалката во струја.
Еден ден, кога им се собрале неколку мали електрични поправки, тие решиле да повикаат мајстор. Му рекле да провери што не е во ред со штекерот. Електричарот веднаш заклучил дека до штекерот не доаѓа електрична енергија, па тој го отворил и се шокирал. Штекерот не бил наменет да се вклучуваат електрични апарати, туку служел како камуфлажа за мал таен сеф или засолниште за скапоцености.

 

Тој го отвори штекерот и се оддалечи од ѕидот. Откри таен сеф, но немаше скапоцености во него, само прашина и мртов пајак, рече Дарен, и додал дека тоа му се чинело како хумористична верзија на Џемс Бонд.
Дарен и неговиот партнер се преселиле во куќата во 2017. година. Тие велат дека се гледало дека сефот некогаш имал клуч кој бил вметнат во еден од т.н. отвори за електрична енергија. Тие се свесни дека сега нема смисла да се кријат нештата таму затоа што тие објавиле видео со приказната за скриен сеф, така што сите би знаеле каде ги држат скапоцености, пренесува Дејли Меил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.