Триесет и едногодишниот пожарникар Флавио Гонкалвез ја чекал својата трудна свршеница пред олтарот, непријатно изненаден од нејзиното доцнење. Во црквата тогаш влетала нејзина роднина барајќи помош бидејќи невестата се онесвестила во кола.

Ја отворив вратата од колата, а таа лежеше, но ја врати свеста и разговараше со мене. И реков: Мила тука сум, раскажал Флавио, кој на својата свршеница ѝ дал прва помош.

Неговата девојка, Џесика Гуедес, била префрлена во болница, а лекарите морале да ѝ ја отстранат матката. Изведен бил царски рез за да се спаси 29 недели старото бебе, но мајката починала по операцијата.

Оваа 30-годишна медицинска сестра, била наизглед здрава пред венчавањето во неделата во Сао Паоло, Бразик. Но, почнала да се жали на вртоглавица и болка во вратот. Лекарите подоцна откриле дека боледувала од прееклампсија, пореметување во бременоста заради кое и настрадала.

Детето се родило тешко само 930 грама и 34 сантиметри, се наоѓа на интензивна нега, па во болницата најверојатно ќе остане најмалку уште два месеца.

Џесика беше навистина весела личност која го сакаше животот. Толку се радував што ќе станам нејзин сопруг и што ќе станам татко. Ќе бидам силен и нема да ослабам соочен со несреќата. Се уште не можам да верувам што се случи. Засекогаш ќе патам по неа, изјавил Флавио.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.