Брачната двојка Барак и Мишел Обама присуствуваа на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден, а со своето однесување привлекоа големо внимание.

Барак ја налутил Мишел, а таа тоа не го криела, туку многу јасно му дала до знаење на сопругот дека му е лута.

Иако пред камерите се смешкале целото време, кога не биле во центарот на внимание, Мишел беснеела и викала на нејзиниот сопруг.

Досега непознатите детали ги открила Аманда Горман која што стана најмлада поетеса која што некогаш настапувала на претседателска инаугурација.

Мишел седеше блиску до мене и слушнав дека постојано му вика на Барак, да престане да се прегрнува со луѓето, раскажала Аманда во емисјата на Елен Деџенерис.

Сепак, и самата Мишел потоа не ги почитувала епидемиолошките мерки затоа што ја прегрнала Аманда:

Кога го завршив својот говор, го турна сопругот и ми даде најголема и најтопла прегратка, кажала таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.