Во моментов една од најбараните естетски корекции кај машката популација во светот е трансплатацијата на коса. Исто така и Македонците не се имуни на овој тренд, па сведоци сме на се поголем број на наши граѓани кои се одлучуваат еднаш засекогаш да го решат овој проблем, пишува убавинаиздравје.мк.

Најчеста дестинација на нашите граѓани кои имаат потреба од оваа услуга е Турција, но има клиники и кај нас кои ја нудат оваа услуга по цена од 2.000 евра.

Меѓутоа се чини дека турските клиники се попривлечни за нашите граѓани и поради тоа се поголем е бројот на тие кои се одлучуваат да отпатуваат во познатите тамошни болници и да направат ваква интервенција.

На ваков чекор се одлучија и неколку наши познати личности. Еден од нив е Министерот за надворешни работи – Бујар Османи. Неговата промена во фризура е очигледна.

Ако министерот пред некое време го паметевме со долги „залистоци“, сега тој на својата глава има бујна коса благодарение на овој популарен хируршки третман.

На ваков чекор се реши и пејачот Адријан Гаџа. Исто и тој пред година дена на својата глава ја направи оваа естетска промена.

Следен кој се одлучи на овој метод е и пејачот Ален Хасановиќ. Сигурно ако го следевте музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ каде се натпреваруваше Ален, го паметите со многу ретка коса.

Но, благодарение на оваа можност, младиот пејач денес може да го видиме со густа коса и фризура на својата глава.

Инаку според турската асоцијација за здравствен туризам, дури 5.000 пациенти од странство месечно доаѓале во Истанбул поради трансплантацијата на коса. Велат дека им доаѓале пациенти од целиот свет, поради добрата услуга и прифатливата цена, а покрај мажи, често оперирале и жени, кои имале проблем со густината на косата.

Извор: Убавина и здравје



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.