Во последната објава на својот „Инстаграм“ профил, водителката Миа Костова објави емотивна порака која ја посвети на нејзиниот син Андрија по повод неговиот роденден.

2012 ми се смени животот комплетно. Запознав човек што го сакам повеќе од себе. Мислев дека секогаш ќе биде бебе. Пречесто се плашев дали добро правам и колку му должам кога е во прашање воспитување и родителска посветеност. Денес, вака сериозно голем ми дава за право да мислам дека може не сум најдобрата мајка на светот, ама можам со право да давам совети за воспитување ако некој ми побара, секако, е дел од пораката која во целост може да ја прочитате на постот подолу.

 

View this post on Instagram

 

2012 ми се смени животот комплетно. Запознав човек што го сакам повеќе од себе. Мислев дека секогаш ќе биде бебе. Пречесто се плашев дали добро правам и колку му должам кога е во прашање воспитување и родителска посветеност. Денес, вака сериозно голем ми дава за право да мислам дека може не сум најдобрата мајка на светот, ама можам со право да давам совети за воспитување ако некој ми побара, секако. Кроток, искрен, се радува буквално на се’, задоволен со премалку, полн љубов, разбран секогаш и без исклучок на прва, понекогаш и само со поглед, хармоничен, лесно навредлив и максимално самостоен. Не е оглас за зет, ниту за школо за воспитување. Само кажувам дека е Мој. Ваљда е мој, сомнително со оглед на љубовта кон училиште 🤣 Попљукајте го, јас ќе ви посакам ништо помалку и ништо повеќе од дете како него. Ова е нашето 8мо лето. Те сака мама, *Андрија*

A post shared by ♎️Миа Костова♍️ (@miandrija) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.