Рут Хамилтон од канадскиот град Голден во Британска Колумбија за малку избегнала смрт. Имено, во текот на ноќта, во нејзината спална соба паднал метеорит кој слетал директно на нејзината перница, пренесува британски „Сан“.

– Само скокнав од креветот и истрчав да го вклучам светлото, не можев да сфатам што се случува околу мене, рекла Рут.

Од сон ја разбудил силниот тресок на нејзиниот покрив, а кога го вклучила светлото го здогледала „посетителот од другиот свет“, како што го опишала метеоритот.

Од страв, таа повикала полиција, која утврдила дека странскиот предмет не пристигнал од блиското градилиште, но не можеле да утврдат од каде навистина дошол.

– Го повикавме проектот Кањон за да видиме дали тие го изведуваат минирањето, не го направиле, но тие рекоа дека виделе силна светлина на небото којашто експлодирала и предизвикала некои удари, рекла Рут.

Тогаш сфатиле дека нејзиниот дом бил погоден од метеорит што паднал од небото.

– Се тресев од страв кога се случи тоа, мислев дека некој скокнал на мојот покрив или дека имало пукање во соседството; но ми олесна кога сфативме дека тоа е само sвезда што паѓа, заклучила Рут Хамилтон, која е фасцинирана од фактот дека метеор може да биде стар милијарди години.

Во моментов, милиони метеори летаат низ атмосферата на Земјата. Може да се воочат на 120.000 километри над Земјата, а да летаат со брзина од 70.000 километри во секунда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.