Првата дама на САД Меланија Трамп го откажа своето патување на предизборниот митинг во Пенсилванија поради „упорната кашлица“, каде што требаше да му се придружи на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти нејзината прес-служба.

Г-ѓа Трамп продолжува да се чувствува подобро секој ден откако се опорави од Ковид-19, сепак, со постојана кашлица и како претпазливост, нема да патува денес, рече во краткото соопштение нејзината портпаролка Стефани Гришам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.