На социјалната мрежа Инстаграм деновиве се појави нова стара фотографија од Меган Маркл на која позира со своето прво момче Луис Сегура.

Фотографијата е направена за време на божиќен танц додека Меган и Луис биле во средно училиште во Лос Анџелес во 1997 година.

Фотографијата предизвика многу коментари, а многумина коментираат дека Меган изгледа како воопшто да не старее, односно дека фотографијата изгледа како да е направена деновиве.

Instagram

Меган и принцот Хари годинава ќе го прослават својот прв Божиќ во нивниот нов дом во Монтесито. Како што објави „Entertainment Tonight“ тие празниците ќе ги поминат со синот Арчи и мајката на Меган, Дорија Регланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.