Се чини дека војвотката од Сасекс би можела да биде повикана на суд, овој пат како сведок на тужителката Вирџинија Робертс Џафри, во граѓанска тужба против синот на кралицата, принцот Ендру, кој е обвинет за сексуална злоупотреба на малолетничка.

Според Дејвид Бојс, адвокатот на Вирџинија Робертс Џафри, во граѓанска тужба против принцот Ендру, Меган Маркл би можела да биде повикана како сведок од едноставна причина – затоа што таа е личност на која може да и се верува дека ќе ја „каже вистината“.

Освен тоа, за неа размислуваат и затоа што живее во Америка, а целата постапка се одвива во надлежност на американскиот суд, како и затоа што била „близок соработник на принцот Ендру, па можеби видела или слушнала нешто што би им било од корист“.

„Поради нејзината поврзаност со него, таа би можела да има важни информации за судењето“, изјави адвокатот Бојс, додавајќи дека конечната одлука се уште не е донесена, и дека во моментов се е на разгледување.

Денеска, 38-годишната Вирџинија Робертс Џафри реши да го тужи принцот Ендру по долгогодишно молчење, тврдејќи дека тој ја принудил на секс три пати во 2001 година, кога имала само 17 години.

На суд се разгледувала и поранешната сопруга на принцот, Сара Фергусон, но се е многу потешко бидејќи таа живее во Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.