По напуштањето на обврските околу кралското семејство и по напуштањето на Велика Британија, Меган Маркл најверојатно нема да може да добие британско државјанство.

Имено, според тамошните закони, како што пренесува „Телеграф“, ако некој сака да поднесе барање за државјанство, мора претходно да живеел три години во земјата, како сопруг/-а на британски државјанин. Маркл живееше во Лондон од ноември 2017 до март 2020 година.

Меган, принцот Хари и нивниот син Арчи сега живеат во Монтесито, Калифорнија, САД, и како што јави неименуван извор за „Пипл“, воопшто не се каат за преселбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.