Може да се каже дека Меган Маркел и принцот Хари навистина не се грижат многу за кралските протоколи. Тие се подготвени да пробијат едно од правилата во семејството, што беше одбележано со децении.

Војвотката од Сасекс планира да го скрие од јавноста крштевањето на нивниот син Арчи, објави неделникот Сандеј Тајмс.

Според објавата, крштевањето ќе биде исклучително приватен настан. Тоа значи, само најблиските ќе бидат поканети, и нема да има официјални фотографии со кумот.

Медиумите исто така нема да имаат место на настанот. Единствен начин на кој ќе може да се види дел од тајната манифестација е Хари и Меган да одлучат да објават снимки на нивната страница на Instagram – @sussexroyal.

Ен-Ен известува дека крштевањето ќе се одржи на 6 јули во замокот Виндзор. Не е познато кој ќе биде кум на Арчи.

Во еден момент, медиумите зборуваа дека тоа ќе биде пријателот на војводата и холивудската ѕвезда Џорџ Клуни. Актерот и режисер, пак, ги негирал таквите информации и објаснил дека едвај се справува со две деца, осврнувајќи се на близнаците што ги израснал со неговата сопруга Амал.

Друг кој може да биде кум на бебето е братот на принцот Хари, Вилијам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.