Иако бебето на Меган и Хари има мали шанси да стане крал или кралица во иднина, неговото раѓање не ја намалува еуфоријата кај британската јавност.

Се очекува кралското бебе да се роди во хороскопскиот знак Бик, а со тоа астролозите предвидуваат дека детето ќе биде темпераментно, немирно, па дури и дрско и тврдоглаво и дека ќе им задава многу главоболки на војводата и војвотката од Сасекс.

Во знакот Бик се родени и малата Шарлот и брат ѝ Луи. Шарлот веќе неколкупати е забележана како има тантрум во јавност и како Кејт и Вилијам едвај ја смируваат.

Постојат многу теории дека раѓањето на бебето на Хари е закажано за денес, на ист ден со роденденот на кралицата Елизабета, но досега од кралскиот двор нема никакво соопштение во однос на тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.