По изјавата на Меган Маркл и принцот Хари дека се венчале три дена пред официјалната церемонија во јавноста се појави венчалниот лист кој кажува спротивно.

Една од шокантните изјави на Меган Маркл во фамозното интервју со Опра Винфри беше дека таа се омажила за принцот Хари дури три дена пред официјалната венчавка и церемонија која беше проследена од целиот свет, но сега е објавен документ кој јасно докажува дека тоа е лага.

Станува збор за нивниот венчален документ, што британскиот „Мирор“ го добил од Управата за водење матични книги. Документот потврдува дека формалностите се случиле на 19.05.2018 година во дворецот Виндзор. Официјалното лице кое ја изготвило лиценцата за брак на Меган и Хари, вели дека војвотката очигледно е малку збунета во врска со бракот бидејќи изјавила дека тие се венчале во нивниот двор три дена пред споменатиот датум.

Жал ми е, но Меган е очигледно збунета и дезинформирана. Тие не се венчаа три дена порано пред надбискупот од Кантербери. Специјалната дозвола за која помогнав да се состави им овозможи да имаат венчавка во капелата Свети Џорџ во Виндзор, што се одржа на 19 мај 2018 година, што ја виде целиот свет и која беше официјална венчавка, признаена од Црквата и Законот. Претпоставувам дека претходно тие можеби размениле некои едноставни завети кои самите ги напишале и ги кажале пред надбискупот, но тоа веројатно била обична проба – изјавил поранешниот службеник Стивен Бортон за британски „Сан“.

Знаете, ние всушност се венчавме три дена пред нашата венчавка. Никој не го знае тоа. Заклетвите што се врамени во нашата соба беа разменети само помеѓу нас двајца пред надбискупот од Кантербери во нашиот двор – изјави Меган во интевјуто со Опра.

„Бевме само ние тројцата“ – додаде Хари во интервјуто со Опра, потврдувајќи ја изјавата на Меган дека тие го замолиле архиепископот да ги венча, приватно во нивниот дом, но Бортон сега им потврди на медиумите дека тоа всушност не е можно и објаснил зошто.

Тие не можеа да се венчаат во Нотингем затоа што тоа место не беше овластено за свадби и немаше доволно присутни сведоци. Не е можно само три лица да бидат на венчавката, тоа не е валидна церемонија. Мислам дека војвотката е збунета и дека некоја потврда во форма на завет што стои на ѕидот не е официјален сертификат за венчавка. Свадбата се одржа во капелата под услови предвидени со Законот за кралски бракови од 1772 година. За да можат да се венчаат, кралицата изготви специјална дозвола со која таа одобри сè, вклучително и местото каде што ќе се одржи венчавката – изјавил Бортон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.