Во дворецот Виндзор денеска ќе се одржи официјалната прес-конференција и фотографирање за медиумите, кога принцот Хари и сопругата Меган првпат ќе го покажат новороденчето и кратко ќе зборуваат со новинарите.

Британските медиуми пишуваат и дека на фотографирањето и дружењето со кралската двојка ќе присуствува и американската телевизија „Си-Би-Ес“, што е преседан.

Ексклузивните вести и интервјуа на членовите на семејството секогаш ги добива националната „Би-Би-Си“, а присуството на американска телевизија на оваа конференција може да ги налути британските даночни обврзници, пишува „Дејли мејл“. Но, како што пренесува порталот, Меган инсистирала на фотографирањето да присуствува и американска телевизија, и тоа посебно Гејли Кинг, позната новинарка од „Си-Би-Ес“ и блиска пријателка на војвотката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.