Војвотката Меган Маркл денеска го прославува својот 38 роденден, а овој ден ќе го прослави скромно, а како што се наведува, тоа и била и единствената желба, да биде со своето семејство, сопругот Хари и синот Арчи.

Принцот Хари го искористи овој ден, па на својата сопруга и го честиташе роденденот и тоа преку социјалните мрежи, а тоа го направи на едноставен и одмерен начин, заблагодарувајќи се што е крај него со зборовите: Среќен роденден на мојата неверојатна жена. Благодарам што си крај мене на оваа животна авантура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.