Медицинска сестра во Тула, централна Русија, стана сензација преку ноќ откако се појави на работа во бикини под заштитна облека, со очила и нараквици.

Фотографијата на медицинската сестра во пластичен транспарентен костум, носејќи послужавник полн со лекови наменети за пациенти, стана вирална откако во вторникот беше објавена на мрежите.

Фотографијата е направена во регионалната болница за заразни болести во Тула, најголемиот град во регионот Тула, на 193 километри јужно од Москва, пренесува „РТ“.

Пациентите немале никакви забелешки за необичната „облека“ на медицинската сестра и едноставно не можеле да погледнат подалеку од неа, изјави извор кој ја сподели фотографијата.

Сепак, се чини дека самата медицинска работничка не била свесна за нејзиниот изглед. Истиот извор рече дека младата жена решила да „заобиколи“ еден слој облека бидејќи со денови била „прегреана“ поради носење целосна заштитна опрема и не можела да претпостави дека ќе биде „толку транспарентна“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.