Мечката Мишо во белградската зоолошка градина утринава не ја здогледала својата сенка, што значи дека на зимата и се ближи крајот!

Имено според старото верување, на денешниов празник, Сретение Господово, се сретнуваат зимата и летото, а деновите стануваат се подолги. Важно е какво ќе биде времето на овој ден. Ако е сончево, мечките ќе ја здогледааат својата сенка, ќе се исплашат и вратат во пештерата, а зимата ќе трае уште шест недели. Ако не ја видат сенката, зимата е при крај.

Нашата мечка Мишо утринава се прошета и не се врати во пештерата –  напишаа од белградската зоолошка градина.

Инаку истата прогноза ја даде и мрмутот Фил, кој излезе од својата пештера и го најави доаѓањето на пролетта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.