Половина час по полноќ, на 17 мај, битолчани снимија видео како мечка трча низ населбата Буковски ливади, објави веб-порталот апла.мк.

Ваквите блиски средби со мечки не се ретки, но најчесто се забележуваат во села од потпелистерието, каде причинувале и штети и за што има неколку судски спорови и пресуди.

Ова пак се случува во населба која е дел од Битола и досега нема слични информации во последните години дека толку блиску до градот слегла мечка.

Инаку мечката е заштитена со закон.

За овој случај побаравме мислење од ловните здруженија. Стручното лице по лов Ромео Саздановски вели дека секоја година се доставува до министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство информација дека од година од година се зголемува бројот на мечки. Во потрага по храна тие се спуштаа во подножјето на Баба Планина и предизвикуваат штети на растенијата, пчелни семејства и добиток.

Тој вели дека најверојано, според она што се гледа на видеото, се работи за мече старо околу година и пол.

Со години наназад и сечењето на дрвја сливи и крушите, прават да се симнуваат мечките надолу во потрага по храна. Голем дел од селата на и под Баба планина се загозени и трпат штети, за што досега сме информирале за повеќе судски премети.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.