Еден од најдобрите тенисери на светот признава колку му е тешко понекогаш да пронајде баланс меѓу работата и родителството.

Новак Ѓоковиќ ја изнесе својата понежна страна, тој проговори за родителството, односот со децата и колку тешко нему, но и на нив им паѓа товарот на неговата работа.

Тој мора постојано да води сметка да биде пример не само на Стефан и Тара, туку и на децата ширум светот.

Некогаш на терен го совладуваат емоции кои не може да ги контролира, а по сопственото признание, Стефан и Тара не сакаат да го гледаат таков.

Понекогаш не сум горд на своето однесување на терен, открил Новак, а потоа додал: Стефан се уште е мал и не разбира дека татко му е еден од најдобрите играчи на планетта и дека ужива голем популарност.

Потоа опишал сцена која му се случила додека поминувал време со синот.

Играв фудбал со него на улица и луѓето ми приоѓаа и бараа да се фотографираме. Се разбира им ја исполнував таа желба, а тогаш син му ме праша: Тато, ги познаваш тие луѓе?Зошто ти приоѓаат?Не знаев што да му одговорам, па му реков: Понекогаш играм тенис и понекогаш сум на телевизија- открил Ѓоковиќ.

Новак го заболува кога Стефан ќе го праша зошто поминува време на теренот, а не со него.

Стефан понекогаш ме прашува: Тато, зошто си на тениски терен, а не со мене? Тоа боли, ја изнел својата болка Новак после освојување на Лауреус награда.

Се обидувам да бидам најдобар татко. Се трудам да бидам и најдобар тенисер и најдобар родител во исто време. Навистина давам се од себе  – рекол Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.