Јапонец е уапсен откако започнал врски со 35 различни жени за да добива подароци во текот на целата година. Како што пренесуваат тамошните медиуми, 39-годишниот Такаши Мијагава е обвинет за измама, затоа што на секоја од нив им кажал различен датум за неговиот роденден, па постојано добивал подароци и картички.

Откако дознале една за друга, девојките ги здружиле силите и го пријавиле во полиција за измама овој февруари. Тие тврдат дека Мијагава ги коштал 100.000 јени (околу 928 американски долари) во роденденски подароци, облека и готовина.

Секоја од нив верувала дека ќе има иднина со него и веруваат дека повеќе жртви ќе се појават и ќе сведочат за слична измама.

Неговиот вистински роденден е 13 ноември.

Коментарите на социјалните мрежи се главно поддршка за Јапонецот за неговата способност да менаџира средби со 35 партнерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.